Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 20 загинати и 134 повредени во пожарот во фабриката во рускиот Рјазански регион

/

пред 425 дена

Сподели преку :

Најмалку 20 лица загинаа, а 134 се повредени во експлозијата од непознато потекло што во петокот беше регистрирана во фабрика во рускиот Рјазански регион, јавија британските медиуми, повикувајќи се на локалните служби за итни случаи.

Гувернерот на регионот Рјазан, кој се наоѓа југоисточно од Москва, Павел Малков, изјави дека инцидентот е предизвикан од пожар што избувнал во фабриката.

Меѓутоа, руските медиуми сè уште не ја објавија причината за пожарот или што се произведувало во фабриката, објави МИА.

Официјалните руски извори не дадоа повеќе информации од бројот на жртви.

„ Дваесет лица загинаа како резултат на вонреден инцидент“, напишаа локалните служби за итни случаи на апликацијата Телеграм.

„Повредени се 134 лица, од кои 31 пациент се во болниците во Рјазан и Москва, а 103 пациенти се на амбулантско лекување“, се прецизира во информацијата на службите за итни случаи.