Над 250 дијабетичари останаа без лекот оземпик, кој речиси две недели го нема во инсулинските аптеки.
Од Сојузот на здруженијата на дијабетичари велат дека овој недостиг се должи на тоа што количините од претходниот тендер се при крај, а новиот е во тек и целата постапка треба да заврши до крајот на март, по што ќе почне дистрибуцијата на оземпик.
Во овој период додека се чека да се дистрибуираат количините на оземпик од новата набавка, од здруженијата на дијабетичари бараат Министерството за здравство да најде преодно решение за пациентите кои го користат да не останата без овој лек.











