Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 330 медиуми пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

/

пред 434 дена

Сподели преку :

До Државната изборна комисија во рок од три дена од распишувањето на локалните избори закажани за 19 октомври, се пријавиле 333 медиуми за платено политичко рекламирање.

Меѓу нив, најмногу се интернет портали – 257, потоа 43 радија, 33 телевизии и 8 печатени медиуми.

Четири портали се пријавиле надвор од рокот.

Од ДИК нагласуваат дека списокот не е конечен, бидејќи поднесените барања и ценовници сè уште се проверуваат.

Рокот за доставување на ценовниците истече синоќа на полноќ.

Печатените и електронските медиуми требаше да ги достават ценовниците до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и ДКСК во рок од пет дена од распишувањето на изборите, додека радиодифузерите истите ги доставуваа до ААВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК.

ДИК треба да ги објави и потврди ценовниците најдоцна до 24 август.