Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 40 илјади Палестинци ги напуштиле домовите поради урнување на голем дел од кампот Џенин

/

пред 601 дена

Сподели преку :

Израелски булдожери демолираа големи делови од бегалскиот камп Џенин, а повеќе од 40.000 Палестинци ги напуштија своите привремени домови во кампот и блискиот град Тулкарм на северниот дел на Западниот Брег, откако Израел ја почна својата операција еден ден по постигнатото примирје во Газа.

„Џенин е повторување на она што се случи во Џабала, бегалски камп во северниот дел на Газа, кој беше целосно уништен од израелските сили по неколку недели жестоки борби. Кампот стана непогоден за живеење“, изјави портпаролот на општина Џенин, Башар Матахен.

Матахен изјави дека најмалку 12 булдожери биле ангажирани во уривањето на куќите и инфраструктурата во кампот.

Израелската војска сè уште не коментираше, но израелскиот министер за одбрана Израел Кац завчера им нареди на војниците да се подготват да останат таму, велејќи дека камповите се расчистени „за следната година“ и оти на жителите нема да им биде дозволено да се вратат.