Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Надлежните ветуваат решенија со кои ќе се спречи загадувањето од „Дрисла“ кон околните места

/

пред 700 дена

Сподели преку :

Отпадната вода од депонијата „Дрисла“ оди во Маркова Река во скопското село Батинци, обвинуваат од невладината организација „Вакат“. Тие бараат да се направи европска депонија и да има прочистителни станици на водата која се слева во реката. Сметаат дека депонијата „Дрисла“ им создаваа голем проблем на жителите од околните места бидејќи го загадува воздухот.

„Од Маркова Река е најстрашно бидејќи се полеваат бавчи. Јас сметам дека таа вода е канцерогена. Луѓето од град Скопје јадат зеленчук и овошје произведени од село Батинци, а тие се поливани од Маркова Река, а таму оди оваа отпадна вода“, вели Сених Браховиќ, од невладината организација „Вакат“.

Министерот за животна средина Изет Меџити ќе ја прегледа интегрираната дозвола која ја има ЈП „Дрисла“. Тој ветува дека ќе има почист воздух и почиста животна средина. Вели дека тоа може да се реши со комплекс мерки кои ќе ги преземат во блиска иднина. За таа цел денес одржаа состанок министерот за животна средина, в.д. директорот на претпријатието „Дрисла“ и директорката на инспекторатот за животна средина. Едно од решенијата е набавка на нова печка затоа што на таа  сега што ја имаат не може да се постават филтри.

„Прво треба да се огради Дрисла, а освен тоа треба да се преземат уште многу други вложувања за кои разговаравме детално. Ние ќе работиме заедно за ова претпријатие да работи со високи стандарди, но да не биде штетно за населението“, изјави Изет Меџити, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

„Треба да испланираме за ограда, да направиме пречистителна станица и да изготвиме техничка спецификација за набавка на инцелератот за уништување на медицински отпад“, вели Ненад Јосевски, в.д. директор на Јавното претпријатие „Дрисла“.

„Законот и стратегиите ги прават Министерството за животна средина и Владата. Ние како инспекторат сме должи постоечкиот закон и дозвола да ги проверуваме. Нашите инспектори редовно се тука и прават инспекциски надзори“, вели Ивана Гиновска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина.

На почетокот на септември земени се мостри од Маркова Река. Резултатите од испитувањата покажале дека има загадување. Судот ќе одлучи колкава ќе биде казната што ќе ја плати претпријатието за тој прекршок.

Тамара Марковска