Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најава за големи проекти, но и барање за повисоки плати – седум децении Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

/

пред 1205 дена

Сподели преку :

Со соло настап на музичкиот виртуозот, Влатко Стефановски, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска го прослави својот 70 роденден, но и 120 години од објавувањето на книгата „За Македонцките работи“ на својот патрон Мисирков. Пред преполниот амфитеатар на Институтот, директорката Елена Јованова-Грујовска им се заблагодари на основоположниците, но и на сите оние кои во изминатите 70 години придонеле Институтот да израсне во реномиран центар за изучување на македонскиот јазик.

Таа ги наброја сите капитални дела, но и научни трудови, кои ги продуцирала оваа институција. Притоа како голем успех ја посочи, со помош на Владата, заштитата и дигитализацијата на картотеката од пет милиони ливчиња минатата година, кои, како што рече, можат да бидат основа за иден правописен речник и корпус на македонскиот јазик. Јованова Грујовска побара помош и за идните големи проекти на Институтот за македонски јазик, но и повисоки плати за вработените.