Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најава за старт, но без одговор кој ќе ја добие струјата од ТЕ-ТО

/

пред 1438 дена

Сподели преку :

Министерот Крешник Бектеши се пофали, договор со ТЕ-ТО има, од 1 ноември почнува со производство на струја, а со тоа и парно греење за скопјани. Сепак, останува непознато дали ТЕ-ТО ќе работи до крајот на грејната сезона, со колкав капацитет и по која цена ќе се продава струјата

Капацитетот на ТЕ-ТО е околу 200 мегавати на час или 5 гигавати струја во еден ден. Бизнис заедницата и Стопанските Комори во неколку наврати побараа од Владата струјата која ќе ја произведува ТЕ-ТО да биде наменета за нив и нивните потреби со што би ги намалиле финансиските трошоци и би го задржале производството и конкурентноста на пазарот.

Иако Бектеши најави дека ТЕ-ТО стартува со работа од 1 ноември, неколку клучни прашања за кои побаравме одговор и од ЕСМ и од ТЕ-ТО остануваат неодговорени. Што предвидува договорот меѓу Владата и ТЕ-ТО засега се држи во тајност. Колкава количина на гас имаат набавено и колкав период на произвеодство може да покрие, дали ќе работи со полн капацитет и по која цена ќе ја продава струјата, а не добивме потврда и дека струјата ќе биде наменета исклучиво за индустријата како што беше побарано и најавено. Или, пак, станува забор на најавената трампа на енергенси со Србија, односно српски гас за производство во ТЕ-ТО, а струја по загарантирана цена за Србија.

Од Владата со месеци наназад најавуваа дека ТЕ-ТО,  кој беше посочен како стратешки капацитет, како и минатата сезона ќе биде ставен во погон за државните потреби и ќе продава струја по „разумна цена“.

Она што е јасно е дека надлежните ќе мора да понудат далеку подобра цена од 170 и 190 евра за мегават час кои ТЕ-ТО ги добиваше во првиот квартал од годината и генерираше 37 милиони евра загуба кои раководството на Компанијата во неколку наврати ги истакна во јавноста, за да ја добијат  нивната поддршка.

Павле Беловски