Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 11 загинати Палестинци од кои пет се членови на едно семејство – Израел продолжува со напади во Газа

/

пред 576 дена

Сподели преку :

Израел продолжува со воздушните напади, но и копнени операции во Појасот Газа. Медиумите објавуваат дека е уништена единствената специјализирана болница за онколошки пациенти во централниот дел на енклавата. Израелската војска не го коментираше нападот, меѓутоа од вторникот продолжи со акции, откако пропадна договор за прекин на огнот со Хамас кој почна на 19 јануари.

Најмалку 11 Палестинци, пак, се убиени ноќеска. Шест од нив се деца, а пет од вкупниот на жртви се членови на едно семејство, откако израелска ракета заврши во куќа во источниот дел на градот Газа.