Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 13 луѓе се убиени и над 60 повредени – масовни руски напади во Украина, истрелани над 160 проектили и дронови

/

пред 1033 дена

Сподели преку :

Дњепар, Лвов, Одеса, Харков, Киев. Ова се украинските градови кои ноќеска беа на мета на Русија во еден од најобемните и најжестоки воздушни напади во оваа година во кои загинаа најмалку 13 луѓе, а најмалку 60 се повредени. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, руските сили лансирале над 110 проектили и дронови од кои најголем дел биле соборени. Меѓу нив и хиперсонични, крстосувачки и балистички кои се тешки за пресретнување. Оние, пак, кои ја пробија украинската противвоздушна одбрана, меѓудругото, оштетија породилиште и трговски центар во Дњепар, згради во Лвов, Киев, Одеса и во Харков.

Најмалку четири лица се убиени во Дњепар, по две во Лвов, во Одеса, во Харков и во Киев, каде е погодена и метро станицата Лукјановска која се користела како засолниште. Рускиот претседател ја потсети Украина дека сите места во земјата се мета и оти сите може да бидат мета на напади.

Масовниот руски напад доаѓаат на неколку дена од украинскиот удар на рускиот воен брод Новочеркаск во пристаништето Феодосија на Крим. Но, и ден по благодарноста на Зеленски за Соединетите Американски Држави за последниот одобрен пакет воена помош од 250 милиони долари.

Сашко Димовски