Најмалку 17 луѓе се повредени утрово во судар на два воза во данскиот град Кагеруп, северно од Копенхаген, соопштија локалните служби за вонредни ситуации.
На лице место се испратени голем број на спасувачки тимови, но точниот број на повредени сè уште не е познат, пренесува националната телевизија Нихедер. Најмалку четворица од повредените се наоѓаат во критична состојба.
Дел од пругата е затворена и отпочната е истрага за причините на несреќата.











