Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 18 луѓе загинаа, над 300 се повредени – руски напад врз Днипропетровск

/

пред 480 дена

Сподели преку :

Најмалку 18 луѓе загинаа, а над 300 се повредени во вчерашниот руски напад врз Днепар, соопшти началникот на регионот, Сергеј Лисак. Украинските власти претходно соопштија дека областа Днепропетровск била мета на балистички ракети од Русија.

Според нив, во нападот биле погодени повеќе цивилни објекти, вклучувајќи училишта, градинки, медицински установи и социјални служби. Според градоначалникот на Днипро, Борис Филатов, оштетени се 19 училишта, 10 градинки, музичко и стручно училиште, како и осум здравствени установи.

Денешниот ден е прогласен за ден на жалост во Днипро, додека властите предупредуваат дека бројот на жртви може да расте.