Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 19 загинати во самоубиствен бомбашки напад на железничка пруга во Пакистан

/

пред 132 дена

Сподели преку :

Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе од 70 се ранети при денешниот самоубиствен бомбашки напад врз железничка пруга во пакистанската југозападна провинција Балучистан, соопштија локалните власти.

Експлозијата била предизвикана од возило паркирано во близина на пругата, при што од силината на ударот два патнички вагона се превртеле и се запалиле. Лекарите од локалните болници информираат дека најмалку 20 од примените ранети лица се наоѓаат во критична состојба, поради што во регионот е воведена медицинска вонредна состојба и итно е покрената истрага.

Нападот се случил во област каде вообичаено се стационирани безбедносните сили, а оштетени се и неколку околни згради. Одговорноста за терористичкиот чин ја презеде сепаратистичката организација Ослободителна војска на Балучистан (БЛА).

Во соопштението до медиумите, БЛА наведе дека цел на нападот бил воз што превезувал припадници на безбедносните служби. Покраината Балучистан е богата со нафта и минерали, но веќе подолг период е поприште на бунтовнички активности. Портпаролот на провинциската влада, Шахид Ринд, најостро го осуди нападот врз цивили и порача дека терористичките елементи не заслужуваат никаква попустливост.