Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во северна Кина

/

пред 558 дена

Сподели преку :

Дваесет лица загинаа во пожар во дом за стари лица во северната кинеска провинција Хубеи, објавија локалните медиуми. Пожарот избувнал ноќеска во објектот кој се наоѓал во близина на градот Ченгде, на околу 220 километри североисточно од Пекинг.

Останатите станари во домот се пренесени во блиските болници на лекување. Експерти од локалната самоуправа се наоѓаат на лице место за да ги координираат напорите за спасување, соопштија државните медиуми, додавајќи дека се истражува причината за пожарот. Директорот на домот е уапсен, пренесуваат кинеските медиуми.