Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 20 убиени меѓу кои и четворица новинари во израелски напад врз болница во Газа

/

пред 418 дена

Сподели преку :

Најмалку 20 лица, меѓу кои и четворица новинари, се убиени во израелски напад врз болница во јужниот дел на Појасот Газа.

Камерман на Ројтерс и новинар на Асошиејтед Прес беа меѓу убиените во нападот во болницата Насер, додека за третиот се смета дека работел за Ал Џезира пишува новинската агенција „Асошиејтед Прес“.

Неколку луѓе беа убиени во првиот напад, а други во вториот, што се случи додека спасувачите пристигнаа на местото на настанот, соопшти Цивилната одбрана предводена од Хамас.

Израелската војска во соопштението соопшти дека нејзините трупи извршиле напад во областа, додавајќи дека жалат за жртвите и новинарите, кои според нивното потенцирање не ги таргетираат.

Пред две недели шест новинари беа убиени во израелски напад во близина на болницата Ал-Шифа во Газа.