Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 28 луѓе загинаа во украинско гранатирање на пекара во Лисичанск

/

пред 994 дена

Сподели преку :

Најмалку 28 лица, меѓу кои едно дете, го загубија животот во украинско гранатирање на Лисичанск во кој била погодена и пекара. Десет луѓе беа извлечени и спасени од под урнатините, соопштија официјнални локални претставници инсталирани од Москва во градот кој е под контрола на руските сили.

Украинските власти не го коментираа инцидентот. И Москва и Киев зимава повеќе се потпираат на напади со проектили со долг дострел, во услови на главно непроменети позиции на фронтот долг 1.500 километри во украинско-руската војна која е на праг на третата година.