Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 30 загинати луѓе, над 100 повредени – израелски воздушен напад врз училиште во Газа

/

пред 817 дена

Сподели преку :

Најмалку 30 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во израелски воздушен напад врз училиште во централна Газа, соопшти министерство за здравство во палестинската енклава.

„Си-Ен-Ен“ објави дека целта на израелскиот напад бил уништување на команден и контролен центар на Хамас. Портпаролот на болницата „Мачениците на Ал Акса“ изјави дека најголем број од жртвите биле жени и деца.

Според палестинската цивилна одбрана, во училиштето биле сместени над 4.000 раселени лица.

Воздушниот напад следуваше по повикот на израелската војска за евакуација на локалното население, јужно кон Јан Јунис.