Најмалку 38 лица се убиени во село во северозападна Нигерија во напад што го извршија вооружени лица, соопштија денеска полицијата и локалните власти.
Тие рекоа дека нападот се случил во село во нигериската држава Замфара.
Локален функционер изјави дека вооружените лица ги убиле сите жители кои се обиделе да избегаат.











