Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 48 загинати лица и 30 повредени при уривање на автопат во Кина – возач на камион спречи поголем број на жртви

/

пред 900 дена

Сподели преку :

Кинески возач на камион спречи поголем број на жртви при уривање на автопат во планински дел на јужната кинеска провинција Гвангдонг, блокирајќи го коловозот со своето возило, откако 23 автомобили завршија во провалија, пришто загинаа најмалку 48 лица, а 30 се повредени, објавија кинеските медиуми.

Неговата сопруга, исто така, излегла од автомобилот и ги предупредувала останатите возачи за уривањето на автопатот. Ванг Сјангнан добил пофалби на кинеските социјални медиуми и признание од кинеската Фондација за развој на работници која во петокот објави дека во партнерство со автомобилска компанија му доделила 10.000 јуани (1414 долари).

Ванг добил ист износ и од Алибаба и порача дека добиените средства ќе ги донира на семејствата на жртвите на автопатот.