Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 50 загинати во голем пожар во супермаркет во ирачкиот град Кут

/

пред 458 дена

Сподели преку :

Најмалку 50 лица се загинати и повредени во голем пожар што избувна во супермаркет во градот Кут, во источен Ирак, пренесе Ал Џезира повикувајќи се на државната новинска агенција ИНА.

Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како гори петкатна зграда во Кут во текот на ноќта, додека пожарникарите се обидуваа да го локализираат пожарот.

Гувернерот на провинцијата Васит, Мохамед ал-Мајахи, изјави дека пожарот избувнал во супермаркет и во ресторан. Семејства вечерале и купувале, рече тој. Пожарникарите спасиле голем број луѓе и го изгаснале пожарот, додаде гувернерот.

Прогласена е тридневна жалост, а започната е и истрага. Резултатите од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа.

„Поднесовме тужби против сопственикот на зградата и трговскиот центар“, рекол ал-Мајахи.