Најмалку 51 лице загинаа во големите шумски пожари што го зафатија Чиле. Уништени се над 1.000 домови, изгореа два автобуски терминала и повеќе од 8.000 хектари земја. Стотици пожарникари, со поддршка на локалното население, но и од 19 хеликоптери, се борат со огнената стихија.
Чилеанската министерка за внатрешни работи, Каролина Тоха изјави дека во моментот горат 92 пожара во централниот и јужниот дел на земја. Најпогоден регион е Валпараисо во кој живеат, речиси, еден милион жители, а драматична е состојбата и околу туристичкиот регион Вина дел Мар.
Претседателот на Чиле прогласи вонредна состојба, додека Националната служба за превенција и реагирање на катастрофи издаде црвено предупредување и побара евакуација на шест општини.











