Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 94 Палестинци умреле во израелските затвори во период од две години заради насилство и лекарска негрижа

/

пред 330 дена

Сподели преку :

Најмалку 94 Палестинци, затвореници и притворени лица, починале во израелски притвор за помалку од две години, соопшти една израелска организација за човекови права. Во извештајот на „Доктори за човекови права Израел“ се тврди дека во еврејската држава се спроведува пракса на систематски убивања и нивно прикривање.

Извештајот го покрива периодот од 7 октомври во 2023-тата година, кога Хамас ги изврши нападите во Израел, па се до 31 август во 2025-тата година. За споредба, во претходните 10 години, во израелски притвор починале помалку од 30 Палестинци.

Во последните две години, илјадници Палестинци беа притворени во Газа и Западниот Брег, голем дел од нив без да бидат обвинети за некое кривично дело.

Извештајот на „Доктори за човекови права Израел“ открива загрижувачко систематско прекршување на човековите права на Палестинците притворени од израелските власти. Истовремено, се тврди дека станува збор за официјална политика имплементирана од Израел од почетокот на воената офанзива во Газа. Израелските власти престанаа да доставуваат информации за притворените Палестинци до Црвениот Крст и го забранија пристапот до затворите.

Смртните случаи биле последица на физичкото насилство, лекарската негрижа, а најчесто комбинација од двата фактора.

Директно се посочува одговорноста на Итамар Бен-Гвир, ултрадесничарскиот министер за национална безбедност Израел и клучен партнер во коалиционата влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Доктори за човекови права Израел“ посочуваат дека под водство на Бен Гвир, израелските затвори во кои биле држени Палестинците „се претвориле во места на тортура и злоставување“.

Најголем број од смртните случаи, 29, биле регистрирани во озлогласениот воен затвор Сде Теиман во јужен Израел, во близина на Газа.

Н.И.