Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку четворица скијачи загинаа во лавина во јужна Франција

/

пред 971 дена

Сподели преку :

Најмалку четири лица загинаа во лавина во јужниот дел на централна Франција, соопштија синоќа локалните медиуми.

Наводно има уште три повредени лица, додека две се водат за исчезнати.

Несреќата се случила вчера попладне во Вал д’Енфер, во близина на ски-центарот Мон Доре, што се наоѓа на надморска височина меѓу 1.200 и 1.846 метри.

Регионалниот весник „Миди Либре“ објави дека жртвите биле на скијање кога се спуштила лавината.

Можно е дождот да ја предизвикал несреќата, оптоварувајќи ја снежната покривка која се формирала неколку часа претходно, пишува весникот повикувајќи се на вештачење.