Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку тројца луѓе се убиени, девет повредени – напад во метро во Тајпеј

/

пред 297 дена

Сподели преку :

Најмалку три лица се убиени, а девет се повредени во напад со нож во метрото во главниот град на Тајван, Тајпеј.

„Мотивот за нападот засега не е познат“, изјави премиерот на Тајван, Чо Јунг-таи, додавајќи оти станува збор за „намерно“ дело.

Чо истакна дека напаѓачот носел маска и фрлил „пет или шест молотови коктели или димни бомби во главната станица на метрото. По инцидентот двојно се зголемени безбедносните мерки на цел остров.

„Сите важни локации, железнички станици, автопатишта, метро станици и аеродроми се во состојба на зголемена подготвеност“, посочи Чо.

Додека градоначалникот на Тајпеј, Чианг Ван-ан посочи дека осомничениот за нападот најверојатно „извршил самоубиство, скокајќи од зградата за да избегне апсење. Тој додаде дека една од жртвите загинала додека се обидувала да го спречи нападот.

Претходно, беше објавено дека во нападот повредени се девет луѓе.

Насилните злосторства се ретки на Тајван. Сличен напад се случи во метрото во Тајпеј во 2014 година, кога со нож беа усмртени четири лица. Напаѓачот во 2016 година е погубен.