Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскиот Економски форум во Давос

/

пред 624 дена

Сподели преку :

Најуспешните држави на светот се тие кои се пријатели и соработуваат со сите, беше последната порака од светскиот Економски форум во Давос, испратена од претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард и директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева.

Нивните коментари се однесуваат на најавеното воведување царини за Европа од новиот американски претседател Доналд Трамп, кој порача дека високиот американски дефицит од стотици милијарди долари во трговијата со Европа не им се допаѓа и неговата администрација ќе преземе чекори да го смени тоа.