Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наќе Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

/

пред 294 дена

Сподели преку :

„По долгите судски процеси, судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била неправична и политички мотивирана, а против сторителите е поднесена кривична пријава за злоупотреба на институциите, за која очекувам институциите да постапат, а сторителите да одговараат“, објави на Фесбук поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Вели дека не ја пишува оваа објава на социјалните мрежи од реваншизам или саморекламирање објави, туку за вистината да биде јавно запишана.

Чулев во 2022 година беше отпуштен од своето работно место како разузнавач и оттогаш не е дел од безбедносниот систем на државата.