Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Намалена дива сеча поради иселувањето, но сè уште постои опасност од деградацијата на шумите

/

пред 449 дена

Сподели преку :

Функционирањето на Националниот парк Шар Планина, иселување од планинските села и други фактори ја намалија дивата сеча на дрва за огрев во шумите, но појавата не е целосно искоренета во полошкиот регион.

Дури и во шумите кои се под заштита на националниот парк токму неделава ренџерската служба и Шумската полиција, над село Селце најдоа и запленија незаконски исечено огревно буково дрво. Такви примери и во шумите на другите планини во полошкиот регион како што се Жеден и Сува Гора.

„На подружницата Лешница Тетово, каде што стопанисува со шумите во последниве години се многу намалени дивите сечи. Во голема мерка се должи тоа што многу од планинските села населението е иселено и младите се отиднати на печалба. Во последнава година, две и шумско-чуварска служба и шумската полиција се поактивни на терен“, изјави Тони Ивановски директор на „Лешница“-подружница на ЈП Национални шуми.

Иако на поединечно и инцидентно ниво, сè уште дел од луѓето ја гледаат шумата како личен ресурс за снабдување со огрев, игнорирајќи ги предупредувањата на експертите и законските регулативи. Длабоко вкоренетите навики и недостигот на свест сè уште влијаат да има долгорочни последици и деградација на шумскиот фонд.

Дрвокрадците претежно ги сечат стеблата во висина на градите кај човекот, па за да продолжи да расте тоа дрво потребна е дополнителна интервенција од стручни лица. Тоа е санитарната сеча, при што стеблото се сече пониско и се расчистуваат остатоци, со цел корените да ја извршуваат својата функција и да овозможат дрво да ги добие потребните материи за да продолжи да живее.

Покрај ваквите интервенции, потребни се и голем број други активности за да се зачува шумскиот екосистем и биодиверзитетот. Сеча на дрвја без стручна процена е сериозен ризик-не само за шумата, туку и за луѓето велат стручните лица.„Главната причина за тоа зошто се прави овој стручен надзор, и стручно маркирање на терен е за да се заштитат шумите и луѓето од понатамошни ерозии, поплави и природни катастрофи коишто доколку не се работи стручно ќе ни направат многу поголеми проблеми“, изјави Анела Ставревска-Панајотова, НП Шар Планина,раководител на одделение за заштита на природата.

Според Законот за шуми, сечата и транспортот на дрвна маса се дозволени само со соодветно одобрение.

Александар Самарџиев