Жетвата на оризот заврши, но оризопроизводителите се жалат дека приносите им се намалени. Годинава беа посеани 4.000 хектари, а тврдат дека се собрани помалку од 20.000 тони арпа. Според нив, слабиот квалитет на оризовата арпа ќе придонесе и за пониска откупна цена.
Вината за слабиот квалитет и помалите приноси на ориз ја гледаат во семенскиот материјал, кој не е квалитетен, а она што се увезува од Италија и Турција е во многу мали количини и не ги задоволува потребите на оризопроизводителите.
Освен оризопроизводители, годинава на помали приноси се пожалија и производителите на жито, како и на ниска откупна цена. Националната мрежа на земјоделци достави девет барања од Владата, меѓу кои за прогласување на елементарна непогода.
Викторија Јованова











