Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наместо на интервенција, екипа на брзата помош заврши на скопските клиники

/

пред 844 дена

Сподели преку :

Наместо на интервенција во зграда во Кисела Вода, екипа на брзата помош заврши на скопските клиники. Според очевидци, роднина на сега веќе почината жена, прво се јавил да го пријави случајот, а подоцна се симнал пред влезот за да ги пречека лекарите. Сите заедно се упатиле во лифтот, при што почнал неконтролирано да се движи надолу и се заглавил во подрумскиот дел од зградата.

На терен веднаш била повикана и екипа на противпожарната бригада која ги извадила лицата од лифтот, а медицинари веднаш биле однесени во ургентна на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според информации на Телма, на повредените им се прават рентген снимки.

Според очевидци, ова не е првпат станарите да имаат проблем со лифтот.

Од ЦУК информираа дека во 11:22 часот на бројот 112 добиле пријава дека на улица „Христо Татарчев“ во скопска Кисела Вода, во лифт била заглавена екипа на Итната медицинска помош и веднаш ги известиле противпожарната бригада и секторот за внатрешни работи Скопје. По повеќе од половина час, четирите лица беа извлечени.

Симона Петровска