Напорно утро за пожарникaрите. Се гасне и од земја и од воздух на три локации. Пожарот на непристапниот терен во резерватот Јасен продолжува да ја опустошува мешаната шума.
Со денови гори и кај селото Лојане, Липковско, а активен е пожарот и во општина Студеничани.
Под контрола е огнот во Јажинце, кој во неколку наврати го блокираше и регионалниот пат. Четири пожари од утрво се изгаснати. Противпожарните служби се во комуникација и со метереолозите кои со денови најауваат пороен дожд.











