Сите административни процедури за вработување се завршени и во наредните денови ќе бидат потпишани договорите за над 150 здравствени работници порача Министерот за здравство Азир Алиу кој денеска беше во посета на Клиничката болница во Тетово.
Истакна дека дел од нив работеле со месеци, а некои и до 10 години без формално пријавување.
Вчера, ДУИ ја обвини Владата дека со политички мотивирана одлука ги оставила без работа 155 медицински сестри, нарекувајќи ја постапката дискриминаторска и недостоинствена.
Министерството реагираше дека обвинувањата се лажни и најави решавање на статусот на овие вработени.











