Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Народна банка со ново зголемување камантните стапки

/

пред 1109 дена

Сподели преку :

Народната банка повторно ја затегнува монетарната политика во насока да се справи со инфлацијата во земјава.

Донесена уште една одлука за зголемување на каматните стапки за 0.15 процентни поени до нивото од 6,30%. Ваквите зголемувања секако ќе влијаат и врз каматите на кредитите на комерцијалните банки, но какви ќе бидат нивните одлуки треба да соопштат во наредниот период. Заради зајакнување на досегашните позитивни ефекти врз валутната структура на штедењето, како и за поддршка на процесот на монетарна трансмисија, Советот на Народната банка донесе одлука за дополнително зголемување на стапката на задолжителна резерва на девизните обврски на банките од 20% на 21%, а зголемен е и процентот на одржување на задолжителната резерва од обврските во странска валута којашто се исполнува во евра… Овие измени ќе се применуваат од 20 декември 2023 година.