Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Народната банка за 0,25 процентни поени ја зголеми каматната стапка на благајничките записи

/

пред 1253 дена

Сподели преку :

Народната банка одново ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за дополнителни 0,25 процентни поени до нивото од 5,75 насто.

Паралелно, се зголемува каматата за депозитите.

Основната каматна стапка е показател како ќе се движат каматните стапки на депозитите.

Дали и за колку ќе се зголемат каматите одлучува секоја банка самостојно.

Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика која почна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти.

Стартуваше со работа македонската берза за струја