Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Насилни демонстрации во Ереван – се бара оставка од премиерот

/

пред 1108 дена

Сподели преку :

Откако Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека е постигнат договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах, а воените сили на одбраната го предале оружјето, народот на Ерменија излезе на улиците и побара оставка од премиерот Никол Пашинјан.

Демонстрантите ја блокираа авенијата Тигран Меца до зградата на ерменската влада во центарот на Ереван и извикуваа антивладини пароли, а дојде до судир со полицијата која почна да ги апси со употреба на сила.

Граѓаните на Ерменија го обвинуваат Пашинјан и неговата политика за неуспешниот исход на ситуацијата, како и за предавањето на Нагорно Карабах на Азербејџан.

Според последните информации во нападот на Азербејџан врз Нагорно – Карабах, регион населен претежно со етнички Ерменци загинале најмалку 200, а над 400 лица се ранети.