Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наскоро бесплатен интернет на Западен Балкан – Вархеји со порака од Тирана

/

пред 968 дена

Сподели преку :

Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји денеска во Тирана изјави дека од земјите во регионот наскоро очекува да се договорат за бесплатен интернет на јавни места.

На завршната конференција по Самитот на лидерите на шесте земји од Западен Балкан, тој рече дека времето за чекање за влез во Европската Унија (ЕУ) поминало.

„Потребно е учество на регионалниот пазар, каде државите би можеле да се натпреваруваат. Потоа ќе биде тешко да се тврди дека ЕУ не е подготвена за прием на нови членки. Ако сакате да бидете третирани како дел од ЕУ, тогаш мора да ги третирате и државите од регионот како такви“, рече Вархеји.