Анализата за базичната инфлација е во завршна фаза, а Владата многу скоро ќе излезе со конкретни мерки за справување со порастот на цените на прехранбените производи, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Тој очекува темата да биде отворена и на претстојната седница на Економско-социјалниот совет, откако е завршена постапката за репрезентативност.
„Мерки во моментот нема бидејќи анализата сè уште трае, но штом заврши, веднаш ќе следуваат. Очекувам многу скоро да излеземе со конкретни решенија, бидејќи веќе имаме индикатори што ги покажуваат причините за растот на цените“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
Премиерот посочи дека инфлацијата не е само локален феномен, туку е присутна и во многу европски држави, каде што исто така надминува 5 проценти.
Владата, рече тој, ќе преземе таргетирани мерки со цел да се заштитат најпогодените категории граѓани.
Телма дознава: Средба на ЕСС закажана за среда – Синдикатите ќе бараат повисок минималец











