Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Набавени нови апарати за магнетна резонанца-МЗ тврди дека пациентите нема да чекаат повеќе

/

пред 1765 дена

Сподели преку :

На институтот за радиологија во моментот се инсталираат два нови и современи апарати за магнетна резонанца со јачина од 3 Тесла.

Досега во македонското здравство немало апарати со јачина од 3Т кои прават многу подобри снимки на органите кои се испитуваат медицински, а може да се употребат и за снимање на внатрешноста на коските и на крвните садови.

Од министерството за здравство оценуваат дека со ова набавка пациентите нема  повеќе да чекаат за магнетна резонанца.

-На овие апарати ќе се прават најсовремени снимки со што ќе се овозможи најпрецизна дијагноза за многу болести кај наши пациенти. Еден од модулите за дијагноза нема ниту во центрите во регионот, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фб профил.

Во ЈЗУ Универзитетски Институт за радиологија во Скопје традиционално се дијагностицираат најкомплексните состојби во медицината кај нас. Со новите апарати капацитетот на Инстиутот ќе се зголеми за 50%.