Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Договорена е набавката на Трикафта за 8 пациенти по цена пониска од 300 илјади евра- останатите чекаат на владата и Собранието

/

пред 1326 дена

Сподели преку :

Преговорите за набавка на трикафта за 8-те најкритични пациенти, според информациите на Телма, се завршени меѓу Детската клиника каде ќе се лекуваат и застапникот на фирмата Вертекс. Најмногу за месец дена, иако надлежните се надеваат дека лекот ќе дојде за две недели и ќе почне да им се дава на болните.

Државата обезбеди финансиските средства за Трикафта во вредност од над 2 милиони евра. Преговорите за првата интервентна набавка според информациите на Телма  завршиле со договорена цена која е пониска од 300 илјади евра. Но не ни беше кажана точната цена.

Но за останатите пациенти на кои им треба Трикафта треба да се изменат три закони за да може да се купи лекот и за нив. Се ќе зависи од тоа кога ќе бидат готови предлог-законите, кога ќе биде пратен во Собрание по што спасот на болните ќе биде оставен во рацете на пратениците.

Повикани како статисти, но не и да предлагаат решенија за своите животи – пациентите со цистична фиброза на средба во Министерството за здравство