Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПОСЛЕДНА ВЕСТ: МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на Трикафта

/

пред 1322 дена

Сподели преку :

Агенцијата за лекови МАЛМЕД претпладнево издаде одобрение за увоз на лекот Трикафта за пациентите од цистична фиброза.

Од Агенцијата за лекови за Телма потврдија дека сите процедури за одобрување на увозот на Трикафта се завршени, а сега се зависи од производителот Вертекс и од македонскиот застапник на компанијата да го реализираат увозот.

Надлежните во детската клиника каде ќе се одвива лекувањето со интервентната пратка Трикафта очекуваат лекот да пристигне во наредните десетина дена.

Станува збор за интервентен увоз на Трикафта за 8 најкритични пациенти. За редовно снабдување со Трикафта и за останатите пациенти на кои им е потребен овој лек за нормален живот и за успешно лекување треба да се сменат три закони.

Владата веќе изготви предлог закон за промена на правилата за јавна набавка за да се овозможат директни преговори меѓу државата и компанијата Вертекс кој е и носител на патентот за Трикафта и единствен производител.

Измените на законот треба да ги изгласа Собранието.

Фонд за здравство: Системот „Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава