Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наумоски во „Вин-Вин“: Оваа влада е во комотна позиција за реформи – опозиција нема, со албанскиот фактор добро менаџира

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Мислам дека оваа влада има добра шанса да почне да прави реформи, баш онакви какви што треба, бидејќи има многу комотна позиција, смета проф. д-р. Синиша Наумоски, член на советот на Народна банка, во вечерашната „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Опозиција нема, со албанскиот фактор добро менаџира сега засега. Има билатерални пријатели. Колку ние да им љубомориме за тоа другарување со Будимпешта и слично, и со Германија. Внимавајте, наредната година Германија има избори. Таму ЦДУ сигурно доаѓа на власт. Тоа значи уште еден пријател. Можеби сум пристрасен, ќе видиме. Ќе видиме во ноември што ќе се случи со американските избори. Тие се за неколку дена. И уште еден, најважен пријател, ако работите излезат такви какви што јас ги замислувам. Нека биде субјективен став. Еве имате многу комотна позиција“, смета Наумоски.

Според него, ако тоа не го искористи премиерот и министрите за долгорочна стратегија, не е сигурен дека ќе има втора шанса за некој да биде во таква позиција.

„Не сум убеден дека оваа земја може да се развива со поделен македонски блок на партии. Србија има одлични перформанси поради непроменливоста на владата. И централизацијата. Некогаш и цврстината на управување на државата има и бенефити.