Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не бараме одмазда, туку правда – порака од родителите на загинатите во „Пулс“ од денешниот „Марш на ангелите“

/

пред 313 дена

Сподели преку :

Во Кочани денеска се одржа уште еден „Марш за ангелите“, организиран од родителите на децата кои трагично ги загубија своите животи во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Маршот почна во 14:05 часот, а колоната тргна од паркот на револуцијата, помина низ центарот на градот, продолжи покрај Управата за јавни приходи, полициската станица и заврши пред основниот суд, каде родителите ги повторија своите барања за правда, одговорност и целосно ртасветлување на случајот.

Маршот се одржа во моменти кога судењето за несреќата веќе е во тек. Родителите порачаа дека нема да запрат со протестите сè додека, како што велат, институциите не обезбедат вистинска правда и адекватни санкции за виновниците. Не сакаат судницата да се претвори во Струшки вечери на поезијата.

„Не бараме одмазда, туку правда“, порачаа родителите.