Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не го минувајте мостот кај село Пчиња оти може да се урне – предупредување од ЦУК

/

пред 1221 дена

Сподели преку :

Да не се минува мостот кај село Пчиња оти е со слаба конструкција и наскоро ќе дојде до зголемен притисок поради зголеменото ниво на водостојот на Крива Река кој ќе дојде и до реката Пчиња, па постои опасност од негово уривање, преедупреди Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од таму укажуваат на внимателност и при движење покрај речните корита и поројни суводолници, особено во реони на поројни поплавувања, бидејќи се очекуваат локални кратки но поројни дождови.

По информацијата од Управата за хидрометереолошки работи за зголемен водостој на локалните реки и на реката Вардар се преземаат превентивни и координативни мерки.

Конкретно беше известено дека заради зголемен водостој на реката Вардар во горниот дел од текот, на сливовите со одредени притоки, се можни излевања во Полошката Котлина, Тетовски-Гостиварскиот регион, потоа во сливот на реката Лакавица и на други критични места во горниот дел од сливот на реката Вардар.