Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не мирува тлото на Санторини, го погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер

/

пред 601 дена

Сподели преку :

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа во 22 часот по локално време е почувствуван на грчкиот остров Санторини. Ова е најсилниот во серијата земјотореси што изминатата недела го погодија морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос.

Според првичните проценки, епицентарот на земјотресот е на 14 километри југозападно од Аркесини, меѓу островите Аморгос и Санторини, на длабочина од 17 километри. Земјотресот е почувствуван и на околните острови, но и во делови од Атина.

Поради интензивна сеизмичка активност, грчката влада прогласи вонредна состојба на Санторини откако егејскиот остров беше погоден од серија земјотреси во последните денови, што предизвика евакуација на повеќе од 11 000 жители и туристи.

Училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите ќе бидат затворени и оваа седмица, со одлука на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и на Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција.