Тлото на Санторини не мирува.
Во текот на ноќта регистрирани нови земјотреси во морскиот дел помеѓу островите Санторини и Аморгос, од кои четири со јачина над 4 степени.
Во текот на денот се очекува состанок на кој ќе присуствува и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и на кој ќе се направи проценка на ситуацијата на терен.
Според претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање во Грција, постојат две сценарија за понатамошната сеизмичка активност.
Едното е да се случи посилен земјотрес без посериозни штети и „во овој случај, ситуацијата постепено да деескалира и Второто, екстремното сценарио, островот да биде погоден од силен земјотрес од над 6 степени земјотрес и да предизвика сериозни последици.
Затоа властите во земјата се подготвуваат да ги преземат сите неопходни оперативни мерки.
Во последните месеци, над 2.500 земјотреси биле регистрирани во близина на Санторини, а повеќе од 10.000 лица го напуштиле островот.
Училиштата на Санторини и соседните острови се затворени, а властите ги предупредуваат граѓаните на безбедносни мерки.











