Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не можам да спијам, свесно и доброволно признавам – Момчето кое прегази 10-годишник на „Пластичарска“ призна вина

/

пред 1057 дена

Сподели преку :

Со признание на вина заврши судскиот процес против 21-годишно момче кое пред еден месец на „Пластичарска“ во Скопје со „мерцедесот“ прегази 10 годишно дете.

Возачот во судница ја призна вината, а рече дека побегнал поради страв да не биде тепан.

  • Многу ми е жал за тоа што го сторив. Се каам за тоа што го направив. Не можам да спијам. Свесно и доброволно признавам – рече обвинетиот.

Јавниот обвинител во завршниот збор, побара при одмерувањето на казната Судот да ги има в предвид сите олеснителни и отежнителни околности, како и да делува превентивно за другите учесници во сообраќајот.

Имено, 21-годишникот на 12 октомври со возило марка „мерцедес“ побегнал од местото на несреќата додека околните минувачи се обидувале да му помогнат на тешко повреденото дете.

Ниту лекарите од брзата помош не успеале да го повратат во живот, па во Ургентниот центар, лекарите констатирале смрт.

Неколку часа по несреќата, полицијата го пронајде возачот кој побегна од местото на несреќата, а кој сега се сомничи за кривично дело тешки дела во сообраќајот со смртни псоледици.

Информациите се дека тој возел со 76 километри на час, и со предниот дел од возилото удрил во телото на детето кое го минувало коловозот надвор од обележан пешачки премин.