Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„НЕ!“ за дванаесеткатница во Влае, граѓаните контра градоначалникот Јакимовски, го обвинуваат дека работи на штета на жителите

/

пред 1071 дена

Сподели преку :

Профит наместо хумано и достинствено живеење. Десетина активисти на групата „Борба за Влае“ денеска ги информираа граѓаните на населбата за деталниот урбанистички план кој  според нив градоначалникот Јакимовски, го турка насила и во корист на поединци а на штета на илјадници граѓани кои ќе останат без елементарни услови за живот.Како пример ја посочуваат дванаесет катната зграда која треба да никне веднаш до паркот „Делфина“ каде денеска тие делеа анкетни листови на граѓаните за да може да се оспори деталниот урбанистички план.

Градинка на приватен имот, продадена улица на приватник за да ја изгрди дванаесеткатницата и нова улица кој ќе минува низ училишен двор токму поради таа зграда се клучните забелешки на граѓаните.

Паркови и градинка наместо згради, бараат граѓаните кои денеска дојдоа да ги подигнат анкетните листови.

Активистите велат дека секојдневно се соочуваат со притисоци.

Анкентните листови со забелешки граѓаните  може да се поднесат најдоцна до утре до 15.30 часот бидејќи општината  го дала најкусиот временски рок од пет дена. Граѓаните тврдат дека локалната администрација на секој начион се обидува да ги оневозможи при поднесувањето на забелешките.

Планот за Влае 2 е вторпат ставен на јавна анкета, откако првиот пат имаше голем број забелешки од граѓаните. Од Општината велат дека направиле измени и отстапки како што барале граѓаните.

Огнен Чанчаревиќ