Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неизвесна судбината на „балансерот“ – Владата ја чека конечната одлука на Уставен

/

пред 770 дена

Сподели преку :

„Балансерот“ беше злоупотребуван во минатото и лично ја поздравувам одлуката на Уставен. Ваков е ставот на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по одлуката на Уставен времено да запрат вработувањата по етнички клуч, додека не се оцени уставноста.

Министерството ќе почека судот конечно да се произнесе, пред да се подготви теренот за законски измени околу „балансерот“, кој се применува согласно Охридскиот рамковен договор.

Од коалицијата Вреди тврдат дека во изработка е Закон за правична застапеност, кој ќе им овозможи на Албанците да се вработуваат во државни институции според стручноста, а не со партиска книшка.

Министерот за администрација се надева на широка дебата во рамки на владината коалиција околу ова прашање.

„Секако, јас и Министерството за јавна администрација би причекале конечната одлука на Уставниот суд. Во зависност од тоа каква ќе биде, ние би пристапиле кон евентуално ново законско решение. Јас се надевам дека во рамки на владината коалиција ќе имаме отворена дебата за тоа што следи. Каков било повик за протести или дестабилизација на државата за укинување или времена мерка на „Балансерот“ го осудувам, вели оран Минчев – Министер за јавна администрација.“

Во оние институции каде што се распишуваат или веќе се распишани конкурси, треба да провери дали во огласот се содржани некои од оспорените одредби. Во тој случај, тие не смеат да преземаат ништо, сѐ до конечната одлука на судот.

По одлуката на Уставен, реакција пристигна од опозициската ДУИ. „Со Вреди во Владата повеќе нема вработувања на Албанци во институциите, моноетничката власт спроведува деалбанизација на државата“, се наведува во соопштението на интегративците.

На ова одговараат владини претставници од Коалицијата Вреди. Министерот за здравство, Арбен Таравари, смета дека „балансерот“ бил злоупотребуван на големо, луѓе се пишувале дека се од друга националност за да добијат вработување.

Но, според него времената мерка на Уставен е избрзана.

„Мислам дека не нѝ требаат вакви тензични состојби во овој период, напротив. Ние и онака имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата, дека прво треба да се договориме за Законот правична застапеност, за сите заедници. И не само етничка припадност туку и за други категории на луѓе коишто не се застапени како што треба. Меѓутоа некако се избрза, можеби некој сакаше ете да се зборува за ова и да се дефокусира од другите поважни теми, порача министерот за здравство, Арбен Таравари.“

Уставниот суд пред два дена донесе времена мерка за прекин на вработувањата по етнички клуч.

Од судот ќе побараат на увид мислење од Собранието, Владата и министерствата за јавна администрација и за политички систем. Рокот за изјаснување е 10 до 15 дена, по што ќе изготват реферат.

Петар Догов