Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема да поддржиме дополнителна воена помош за Украина и санкции за Русија – порака од новиот словачки премиер Фицо

/

пред 1074 дена

Сподели преку :

Новиот словачки премиер Роберт Фицо порача дека нема да поддржи дополнителна воена помош за Украина, ниту, пак, дополнителни санкции за Русија за време на самитот на Европската Унија (ЕУ), пренесуваат словачките медиуми.

Фицо, кој во средата по четврти пат беше именуван за премиер, пред парламентарниот одбор истакна дека нема да поддржи дополнителна воена помош за Украина, објави словачки „Деник Н“.

„Сите гледаме дека нема воено решение“, рекол Фицо.

Што се однесува до санкциите кон Русија, тој нагласи оти повеќе нема да гласа за било какви мерки додека не се процени нивното влијание врз Словачка, наведуваат „Деник Н“ и „Правда“, пренесува „Ројтерс“.

Лидерот на партијата Смер-ССД, Роберт Фицо, заедно со министрите, вчера положи заклетва, откако словачката претседателка Зузана Чапутова го именува за премиер на земјата.