Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Нема да ве прашам кој е Херберт Маркузе не сакам да ве ставам во непријатна ситуација“ му рече Горан Стојковски Диро на Максим Димитриевски во Топ Тема

/

пред 355 дена

Сподели преку :

Според Горан Стојковски – Диро независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово одлучувачки фактор е неизлегувањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат. Стојковски очекува поддршка од сите граѓани, а досега тој ја добил од партијата ДОМ, ЛДП, Левица, а очекува да го поддржат и други без разлика на етничката припадност, како и луѓе од ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот Стојковски за неговата програма вели дека се базира на потребите на граѓаните. Од шест столба, три основни компоненти се чистење на градот од смет, безбедно Куманово и решавање на урбаниот хаос.

„За чистење на градот од смет трнуваме прво со анализа на дивите депонии и утврдување на места каде ќе биде одложен градежниот шут, комплетна анализа на комуналното претпријатие“, објаснува Стојковски.

„Нема да ве прашам кој е Херберт Маркузе не сакам да ве ставам во непријатна ситуација“ му рече Горан Стојковски Диро на Максим Димитриевски во Топ Тема, на што Димитриевски му одговори дека Стојковски му верува најмногу на Емануел Кант и дека субјективната објективност ја гледа  како објективна стварност.

(Видео)Димитриевски: Сега се правите Јованка Орлеанка дека немате одговорност – Стојковски со објаснување за работа на сектор и комисија

Т.Д.