Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема Ф-16, „Патриот“ и С-300 од нас за Украина – порака на грчкиот премиер Мицотакис од Вашингтон

/

пред 832 дена

Сподели преку :

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на прес-конференција во Вашингтон, ја отрфрли можноста да испрати Ф-16 или противракетни системи „Патриот“ или системи С-300 во Украина.

„Сакам да бидам јасен. Грција не отстапи Ф-16 во иницијативата Ф-16. Постојат други земји што го направија овој избор. Но, нашата цел е да ѝ овозможиме на Украина да се брани на најефикасен начин“, рече Мицотакис.

Додаде дека е важно да постои одржлив и праведен мир, „овој мир не може да се постигне во услови на капитулација на Украина, а за Украина да не капитулира, треба сите да продолжиме да ја поддржуваме“.

„Имам повторено дека Грција нема да ѝ отстапи на Украина ниту системи „Патриот“ ниту системи С-300. Отстапивме други типови на противвоздушни системи, со помал дострел, секогаш, да го повторам ова, во согласност со Генералштабот на националната одбрана, за да ја поддржиме Украина во оваа многу тешка битка што ја води“, рече Мицотакис.