Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема информации за загинати или повредени македонски државјани по пожарот во Кран-Монтана, информираат од македонската амбасада во Берн

/

пред 285 дена

Сподели преку :

Амбасадата на Република Северна Македонија во Берн е во постојана комуникација со надлежните институции во Швајцарија и до овој момент нема информации за загинати или повредени македонски државјани по пожарот во Кран-Монтана.

Амбасадата внимателно ја следи состојбата и е во целосна подготвеност да им пружи неопходна помош на своите државјани.

Воедно од амбасадата информираат дека на официјалните социјални мрежи на Амбасадата на Република Северна Македонија, како и на Фејсбук-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се објавени контакт информации за сите на кои им е потребна поддршка или дополнителни информации.

Во случај на потреба од асистенција, граѓаните можат да се обратат на дежурниот телефон на Амбасадата: +41 79 923 79 57

(фото)Вечер на новогодишна прослава во Швајцарија се претвори во кошмар- десетици загинати, околу 100 повредени во пожар

Б.С.